Во Виена вечерва е извршен напад во близина на синагога. Австриската полиција потврди дека едно лице загинало и дека во нападот се ранети неколку во центарот на Виена. Полицијата се сомнева дека повеќе напаѓачи се инволвирани во нападот. Други извори наведуваат дека има најмалку една жртва. Убиен е и еден од напаѓачите.
#Wien #Vienna #Austria #Schisserei pic.twitter.com/K22OXLnQh2
— Georgia_HGrabar (@GHG19hr) November 2, 2020
Повеќе светски медиуми јавуваат за жртви.
„Кронен цајтунг“ наведува дека биле истрелани неколку куршуми во близина на Шведенплаца. Локалните медиуми јавуваат и дека луѓе бегале од тој дел од градот кога ги слушнале пукотниците.
Како што се наведува, напаѓачот е во бегство и полицијата трага по него.
#Vienna #shooting pic.twitter.com/3JImTdnkEM
— Fuzzy (@derfuzzy) November 2, 2020
Полицијата апелира до сите граѓани да не ги напуштаат своите домови.
#Vienna pic.twitter.com/hqVWYoHBqI
— Fuzzy (@derfuzzy) November 2, 2020
Австриската новинска агенција АПА јавува за еден убиен напаѓач и за уште еден кој е во бегство.
Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека се работи за терористички напад со повеќе сторители.
Во центарот на градот е запрен јавниот сообраќај, а полицијата бара од граѓаните да не објавуваат видеа од настаните за да не ги загрозуваат животите на полицајците.