ДЕМАНТ од Бочварски: Ниту фирмата аплицирала некогаш на тендер на Општина Штип, ниту добила тендер од Општина Штип, откако станав градоначалник.
АПСУРДНИ се барањата на Захариева и официјална Софија дека македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени, сметаат експертите.
БРОЈОТ на активни случаи од Ковид-19 е над 10.000, есенскиот бран зема замав.
СОБРАНИЕТО четврти ден ќе расправа за ребалансот на Буџетот.
ВО Албанија рекорден број нови случаи, починати и хоспитализирани во еден ден од Ковид-19.
ДИРЕКТОРОТ на државен пазарен инспекторат Пауновски, позитивен на Ковид-19.
АРСЕНАЛ го победи Манчестер jунајтед за прв пат на „Олд Трафорд“ по 14 години.
ФИЛИПЧЕ: 13 илјади брзи тестови од донација од утре ќе бидат дистрибуирани во сите пунктови.
НОВИ остри мерки во Италија и Германија против ширењето на Ковид-19
ЏОНСОН: Нема алтернатива за затворање на Англија во карантин.
БИ-БИ-СИ: Принцот Вилијам имал Ковид-19 во април.
J. Ѓ.