Премиерот Зоран Заев на телевизија Сител зборуваше и за ограничениот број медицински персонал кој е ангажиран во битката против корона вирусот. Свесен дека лекарите и техничкиот кадар се изморени тој најави парични награди за здравствените работници и во иднина.
„Главниот проблем кај нас е бројноста на лекарите и медицинскиот персонал кои се во ограничен број . Затоа и секогаш ќе има парични награди, затоа што тие се посветени и се жртвуваат. Мораме да покажеме внимание кон нив, тие се директно со пациентите. Во ова време тие од обврски не ни имаат каде да ги трошат наградите, но мораме да ги чуваме. Кога ќе заврши ова ќе мора уште награди да им дадеме, како главни носители во битката против вирусот.“- рече Заев во интервјуто.