Постои оптимизам во решавање на отворените прашања со Бугарија, тоа го видов и во обраќањето на Захариева и кај Бојко Борисов, истакна премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во Дневникот на Телевизија Сител.
– Добредојдена е помошта од Германија и благодарни сме за таа помош. Се бара решение двете страни сакаат решение да се најде. Драго ни е што средбите меѓу работните групи, средбите контактите меѓу министрите даваат резултати. Бугарија го врати докусот на ЕУ кон западен Балкан, порача Заев.
Во однос на името на државата и јазикот, премиерот Заев посочи дека во овој момент може да се најде решение за сите дилеми и отворени прашања.
– Може да се состави изјава или нота дека Република Северна Македонија или Северна Македонија како кратко име реферираат за територијата на нашата држава и она што е и досега во нашиот Устав, дека немаме територијални претензии кон никого па ни кон Бугарија. Во однос на јазикот да продолжиме со билатералната спогодба, дека за нас македонскиот јазик е согласно уставот и бугарскиот јазик е согласно нивниот Устав ЕУ го признава македонскиот јазик тој го има веќе во преводите на состаноците на кои што се одржуваат низ европските тела и институции, заклучи Заев.