ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовски: Нема потреба од нов или анекс на договорот со Бугарија

November 4, 2020 13:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот со Бугарија од 2017 година е добра основа и рамка за да продолжат разговорите во насока на изнаоѓање решенија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

– Дозволете денеска да се случи разговорот на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел, па потоа да известиме за деталите, додаде Арсовски одговарајќи на прашањата за барањето од Бугарија за нов анекс на Договорот и дали премиерот Зоран Заев има некакви предлози што ќе ги презентира на за денеска најавениот телефонски разговор со германската канцеларка Меркел.

Според него, став на Владата е дека нема потреба од нов договор или од анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во врска со прашањето за македскиот јазик, Арсовски потенцира дека е веќе јасно оти македонскиот јазик и идентитетот се факти потврдени од ОН и Владата смета дека за ова не треба да има дилема.

Прашан за нови детали и информации за тоа што се случува во однос на спорот со Бугарија и со кои црвени линии нашата држава разговараше на средбата во Берлин во понеделникот, портпаролот Арсовски повтори дека премиерот Заев денеска ќе разговара со канцеларката Меркел и изрази благодарност што Германија како претседавач на ЕУ засилено се залага за исполнување на „заедничката цел одржување на првата меѓувладина конференција и со тоа означување на почеток на преговорите на Северна Македонија до  крајот на годината“.

– Ова е сигнал за целиот регион дека со тоа се задржува и кредибилитетот на ЕУ што е инстерес на сите. Конкретно, паралелно се одвиваат контактите меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и на Северна Македонија. Во овој момент цениме дека во интерес на тој процес не треба да се изнесуваат детали. Секако важно е да се напомене дека сите овие контакти водат кон заедничко разбирање и секој нов состанок води кон зајакнување на довербата и приближување на позициите, истакна владиниот портпрол.

Тој потенцира дека земјава го почитува Договорот со Бугарија од 2017 година и останува на ставот дека тој е одлична рамка и нуди инструменти за да се менаџираат прашања за кои официјална Софија има некаква загриженост.

– Подготвени сме да прифатиме објаснувања во оваа насока и би упатиле апел и би го осудиле говорот на омраза во двете земји и сакаме да ги повикаме сите чинители да го поддржат овој апел и заедно да спречиме нов наплив на омраза во кој било правец, што би влијаело на какво било начин, дали на преговарачите или на Комисијата што се занимава со историските прашања, рече портпаролот Арсовски, додавајќи дека дилемите за историските прашања треба да ги разрешат експертите од двете држави.

Next Post

Маричиќ: Зголемен е процентот на жени сопственици и косопственици на имот

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk