На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 30 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 70, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 421 позитивни и сомнителни на Ковид-19.