Од МВР информираат дека вечерва, околу 18 часот, полиција упаднала на свадба во ресторан во Гостивар по што веселбата е прекината.
„Вечерва околу 18 часот СВР Тетово од слобода го лиши М.И., газда на угостителски објект во село Добри Дол, гостиварско и прекина семејна веселба што се одржувала во објектот“, велат од полицијата.
Полицијата е се уште во објектот, а повеќе информации од МВР се очекуваат во секој момент.
Сите семејни прослави, веселби и слави се забранети, како заштита од ширење на Ковид-19.