пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
МВРО-ВМРО. Првин се исмеваа со корона-вирусот, велеа дека е изговор за одложување на изборите.
Потоа, беа против вонредна состојба, а после бараа вонредна состојба.
Потоа, држеа масовни собири и воопшто не ги почитуваа мерките на заштита.
Нивниот министер за внатрешни рече дека нема да казнува за непочитување на мерките.
Дополнителната заменик-министерка ја закочи постапката со средствата од Светска банка за опремување на болниците за справување со здравствените предизвици.
Потоа, нивните експерти не убедуваа дека Ковид19 не е опасен, дека ќе нема есенски бран.
Па, сакаа да ги одложат изборите летово за наесен, бидејќи било поопасно да се одржат тогаш кога броевме по десетици заболени, а не ќе било опасно сега – кога имаме над илјада на ден.
Истераа кампања со целосно игнорирање на мерките, со масовни собири. За време на цела кампања, нема ниту една прес-конференција на партијата за пандемијата. Ете толку беше голема грижата.
По изборите, продолжи кочењето и саботирањето на системот и мерките, во Собранието, преку пропагандата, на терен, со разно-разни протести…
И сега, МВРО-ВМРО остави 1071 каранфили со црна панделка пред Владата, во спомен на луѓето кои починаа од болеста?! Кој ги донесе каранфилите? Вело Марковски ли, кој нѐ убедуваше дека вирусот не е опасен и дека ќе нема есенски бран? Па луѓе мои, каква е оваа бесрамна политичка некрофилија?! Има ли крај на лудилото?
#SledeTene
#NieSmeLudaci
#AluminiumOverMaximum