ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателот на Косово Хашим Тачи поднесе оставка откако му се потврди обвинението за воени злостортва

November 5, 2020 13:47
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Косово Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата откако му беше потврдено обвинението против него пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово со седиште во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во своето вонредно обраќањето на јавноста, Тачи нагласи дека нема да дозволи „да му се суди на еден претседател на Косово“ и порача дека ќе соработува со Судот во Хаг.

– Пред неколку моменти бев информиран од надлежни лица дека официјално судија го потврдил обвинението против мене. (…) Со цел да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денеска поднесувам оставка од пртеседателската функција. Се чувствувам многу горд за одговорноста која ја понесов, изјави Тачи.

Тој ги повика народот и политичките субјекти на Косово на единство и умереност, „за да не премине состојбата во уставна или институционална криза“.

– Да останеме обединети бидејќи нашиот успех е слободно Косово. Толеранцијата, почитувањето и соживотот се тие кои ја водат земјата напред. Ниедна одлука не може да ја смени историската вистина, а таа е дека Косово беше жртва, а Србија агресор, порача Тачи.

Тој нагласи дека во Хаг ќе го брани интегритетот на косовската држава и, како еден од основачите и водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), ќе докаже „уште еднаш дека нејзината борба беше чиста и праведна“.

– Треба да ја зачуваме вербата во внатрешниот дијалог. Ве повикувам и ве молам да верувате во косовската држава, во европско Косово. Вечна благодарност на Соединетите Американски Држави и на државите на Европската унија. Правдата не се остварува на улица туку со соочување на аргументите. Ова не е збогум, туку само довидување, порача Тачи.

Само еден час пред Тачи да ја соопшти оставката, и лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен собраниски спикер Кадри Весели, кој е исто така еден од водачите на ОВК и шеф на нејзините разузнавачки служби, објави дека му е потврдено обвинението од меѓународниот трибунал.

Полицијата на Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, вчера во неговиот дом во Приштина го приведе и го екстрадира во притворното одделение на Меѓународниот суд во холандската престолнина некогашниот портпарол на ОВК и поранешен спикер на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи.

Утрово за Хаг, откако му беше потврдено обвинението, отпатува и шефот на пратеничката група на партијата Движење самоопределување (ВВ), Реџеп Селими, кој е исто така една од истакнатите фигури на некогашната ОВК.

Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на меѓународниот суд,  кој во косовската јавност е познат како „суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формиран е во 2015 година со одлука на Собранието на Косово, под силен притисок на САД и Европската унија.

Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено над 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК.

Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година. 

Next Post

Нема утеха во Кавадарци: Од компликации со ковид почина 21-годишно момче, брат на починатото 26-годишно момче

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

October 28, 2025

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk