Џо Бајден штотуку го презеде водството во Пенсилванија, држава која за Трамп е клучна, за да може да обезбеди повторно гласање.
Броењето беше одложено поради рекорден број на гласачки ливчиња кои пристигнаа по пошта. Официјалните лица во Пенсилванија беа спречени да ги обработуваат гласачките ливчиња до Денот на изборите, што доведе до застој.
Бајден обезбеди водство во Пенсилванија, откако денес нешто пред 9 часот наутро, беа пријавени повеќе од 31.000 гласови од Филаделфија.
Бајден засега води со обезбедени 253 гласа во споредба со Трамп, кој има сигурни 214 електоратски гласови, од потребните 270 гласови за влез во Белата куќа.
Доналд Трамп води во 376 окрузи кои имаат најголем број нововозаразени случаи со коронавирус по глава на жител во САД.
Уште шест држави остануваат во тесна трка.




