ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Со планско градење и инвестиции обезбедуваме пристап до образование на секое дете

November 6, 2020 16:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Методологијата за прераспределба на општинските буџети за основните училишта, изработена од Здружението на истражувачи и аналитичари – ЗМАИ, поддржано од Фондација Отворено општество, според МОН, ги дава најважните сегменти во кои треба да се насочат инвестициите за да се подобрат инфраструктурните услови во основното образование. На денешната презентација на истражувањето, министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека за квалитетно образование, покрај добри наставни програми, потребни се и современи објекти во кои ќе се одвива наставата.

– Факт е дека околу 30 проценти од училишните згради во државата се во лоша состојба. Со децении било запоставено одржувањето и вложувањето во училиштата. Факт е и дека со години наназад не било инвестирано во изградба на нови училишта и реконструкција и санација на веќе постоечките, но нашата заложба е да ја промениме ваквата состојба и на тоа веќе работиме. Затоа целосно го менуваме начинот и методологијата за вложување во капитални инвестиции во образованието и воспоставуваме планско градење според реалните потреби, рече Царовска.

Истражувањето е направено врз основа на увид во состојбата во 48 училишта од 10 општини. Еден од истражувачите на ЗМАИ, д-р Виктор Стојковски, посочи дека истражувањето им дава почетна точка на институциите во нивното работење.

– Во ЗМАИ веруваме дека оваа анализа и предложената методологија може да го подобри финансирањето на училиштата. Резултатите беа искористени за идентификување на приоритетните проекти, а направени се и акциски планови за реализација на тие инвестиции. Навистина е важно што министерката е тука, затоа што ние веруваме дека нашите анализи се само дел од системот за подобрување на условите. Само кога има соработка со институцијата, овие проекти може да се реализираат и заедно да ги подобриме условите за учење во основното образование, истакна Стојковски.

Фондацијата Отворено општество е долгогодишен партнер во изработката на квалитетни анализи и проекти за подобрување на условите во македонското образование. Според претседателката Фани Каранфилова-Пановска, резултатите јасно покажуваат дека раководните лица и вработените во училиштата и општинската администрација вложуваат максимални напори со цел подобрување на условите во основните училиштата, но средствата со кои тие располагаат не се доволни за обезбедување рамномерен развој и настава која ќе ги следи модерните трендови.

Дијалогот помеѓу институциите и истражувачка јавност продолжува во насока на подобрување на начинот на финансирање на училиштата и подобрување на условите за сите деца. Она што е истакнато е напредокот во однос на носителите на одлуки во образованието, во насока на изнаоѓање решенија, за подобрување на условите.

Next Post

Бајден сè поблиску до победата, во водство и во Пенсилванија

НАЈНОВО

Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk