ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025 16:13
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Share on FacebookShare on Twitter

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките на две нови претстави. Ансамблот интензивно работи на подготовките на претставата „Црнила“ од Коле Чашуиве во режија на Дејан Пројковски.

– Претставата „Црнила“ ќе го истражува моралниот пад на човекот, братоубиствотои предавството вомакедонската револуционерна борба. Централниот настан е убиството на македонскиот револуционер Ѓорче Петров од неговите соработници во 1921 година во Софија. Претставата ќе се занимава со трагедијата на македонското самоуништување и мрачните страници од националната историја, со ликови кои се морални престапници и кои работат против својот народ, вели режисерот

Во претставата играат Александар Степанулески, Димитар Ѓорѓиески, Илија Волчески, Александар Тодески, Бобан Алексоски, Кетрина Чакмакоска-Клинческа, Сара Спиркоска и Михајло Миленкоски.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Марија Папулеска, а музиката е на Горан Трајковски. Премиерата на „Црнила“ се најавува кон средината на ноември.

Паралелно, во прилепскиот театар во тек се подготовките за уште една премиера. Тоа е претставата „Ловец во р’жта“, според романот на Д.Џ. Селинџер, а во режија на Мартин Кочовски.

-„Ловец во р’жта“ ќе претставува една кратка историја на подемот и падот на индивидуата, од средината на минатиот век до денес, сосубјективна визија за судбината на индивидуата во блиска иднина. На површина се и болестите на современото општество: изолираноста на индивидуата, оттуѓувањето по секоја основа, класната поделба, вели режисерот Кочовски.

Драматизацијата е на  Лидија М. Ѓорѓиовска, за сценографијата е задолжен Филип Јованоски, за костимите Јулијана Војкова, а за музиката Пеце Трајковски – Брада. Во претставата играат: Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трчески, Даниела Иваноска, Наташа Ачанска, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска Илиеска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски и гостите Здравко Стојмиров и Теона Крстеска.

Премиерата на „Ловец во р’жта“ е планирана за декември.

Next Post
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk