Одлична Конференцијата на Општинската организација на СДСМ Штип! Д-р. Сашо Николов е победнички кандидат за градоначалник на Штип, напиша генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција Љупчо Николовски на фејсбук.
„Доктор Николов, докажан кардиохирург и врвен професионалец, здравствен работник на кого граѓаните секогаш му се прво место е нашиот заеднички предлог.
На предвремените локални избори во Штип, коишто ќе бидат организирани согласно сите протоколи и ќе бидат целосно безбедни за здравјето на граѓаните, Сашко и СДСМ, се апсолутни фаворити.
Не само поради кандидатот што го имаме и поради успешните политики во интерес на граѓаните во изминатите години, но и поради досегашната работата на еден од најуспешните градоначалници, Благој Бочварски.
Имаме многу проекти релизирани во Штип, градинка во Сењак, улици, мост, тротоари, водоводи, канализации, започнува изградба на браната Отиња и многу други. Тоа му е јасно и на Мицкоски и на сите во ВМРО-ДПМНЕ и затоа бараат одлагање на изборите. Не затоа што наводно се исплашени за здравјето на граѓаните, како што лажат, туку затоа што се исплашени дека убедливо ќе загубат.
На изборите во Штип исто како и на предвремените парламентарни избори, ќе победи концептот што води напред, напред кон развој, напредок и интеграција“, напиша Николовски.