ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Што значи победата на Бајден за Американците

November 7, 2020 21:14
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Џо Бајден стана новиот, 46-ти претседател на САД и под негово водство се очекуваат радикални промена во однос на неколку горливи проблеми со кои американското општество се соочуваше под водство на досегашниот претседател Доналд Трамп.

Откако веста за прогласената победа на демократскиот кандидат доцна утринава (по локално време) молскавично се прошири низ целата земја, во повеќе градови на САД до пладне се собраа толпи од илјадници, претежно млади луѓе, да го одбележат доаѓањето на нивниот претседател.

По сѐ изгледа имаат добри причини за славје.

За време на кампањата одбележана со пандемијата на новиот коронавирус, Бајден се претстави како поборник за науката и вети доделување милијарди долари за истражувања поврзани со борбата против вирусните заболувања како Ковид-19. Тој доби поддршка од целата научна заедница на САД, која обично е аполитична и не се меша во избори. Таква поддршка дојде од организациите како „Scientific American“ и „Nature“.

Бајден повика на обврзно носење маски и достапно тестирање за секого. Тој повика и да се оддржуваат дневни Ковид-19 брифинзи во обид да се запре напливот од дезинформации за зауздување на вирусот.

Бајден се постави и како поборник на имиграцијата во САД. Вети дека ќе стави крај на нехуманото раздвојување на бегалските семејства на јужната граница на САД, повика на запирање на изградбата на ѕидот кон Мексико, на враќање на законот ДАКА (за интеграција во општеството на децата донесени од Јужна Америка), укинување и на таканаречената забрана за патување на муслиманите во САД, како и други олабавувања на строгата имиграциската полиика на САД воведена за време на Трамп.

Во врска со здравственото осигурување, тој вети одбрана и надградба на законот за општо здравство, таканаречениот „обамакер“, еден од најголемите успеси од времето на Барак Обама. Најави и други промени како забрана за поднесување ненајавени сметки за здравствени услуги и намалување на цените на лековите.

Покрај овие политики, Бајден ќе охрабри сеопфатни законски реформи во однос на полицијата и судовите, националната безбедност и социјалната еднаквост, како и драстично свртување во полза на климатските промени, кои досегашната Бела куќа ги негираше, што резултираше со напуштање на Парискиот договор.

За време на кампањата, Бајден промовираше индустријата да се префрли на чиста енергија, намалување на зависноста од јаглеводородни енергенси како нафта и гас, нови мандати за намалување на издувните гасови.

Сепак, главниот фокус на новата Администрација ќе биде подигање на економијата ставена на колена од коронавирусот, заздравување на односите со сојузниците од ЕУ и НАТО, и поцврста надворешната политика посебно во однос на Кина и Русија. /МИА/

Next Post

Заев: Со седумдесет милиони евра ќе бидат поддржани 83.000 работни места

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Проширувањето на ЕУ е реална можност во наредните години

November 4, 2025

Извештај на ЕК: Северна Македонија со стратешки избор, но потребни се брзи реформи и уставни измени

November 4, 2025
фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk