Џо Бајден ќе стане 46-от претседател на Соединетите држави, објави Си-Ен-Ен, откако победата во Пенсилванија, државата каде што е роден, му ги обезбеди потребните 20 изборни гласови и го стави над 270 изборни гласови, колку што се потребни за победа.
Со 20-те изборни гласови во Пенсилванија, Бајден сега има вкупно 273 гласачки гласа.
Пред да стане кандидат за претседател на Демократската партија, Бајден беше потпретседател во времето на поранешниот претседател Барак Обама. Тој исто така беше сенатор во Делавер.
Во текот на целата своја кампања, Бајден тврди дека „душата на нацијата“ е доведена во прашање и вети дека ќе се обиде да залечи земја скршена од претседателството на Трамп.
Ј. Ѓ.
 
			
 




 
 
