„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот“, сподели градоначалникот на градот, Томе Христоски на Фејсбук.
„Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево.
Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот.
Сочуство до семејството. Нека почива во мир“, додаде тој.
Во изминатово деноноќие починаа рекордни 26 лица одкоронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.