Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, проговори за неговите шампионски амбиции за сезоната 2020/21.
„Ако ги погледнеме способностите на нашиот тим, тогаш можеме со сигурност да кажеме дека Тотенхем има доволно квалитет за да ја освои шампионската титула. Бевме близу до титулата во последните 4-5 години, но недоволно добри да се бориме за неа. Оваа сезона ретко кој ќе успее да се одвои од другите, како што тоа го направи Ливерпул минатата година. Повеќе екипи имаат шанси да се искачат на врвот на табелата“, ги цитира „Goal.com зборовите на Кејн.
Тотенхем е прв во поредокот во Премиер лигата со 17 бода, пред Саутемптон, кој има 16 бода. Трето и чеврто пласираните Лестер и Ливерпул имаат натпревар помалку и имаат можност да го преземат лидерското место во Премиер лигата.