Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Клиниката за инфектвни болести и фебрилни состојби 10 се позитивни, а 2 се во изолација, 3 се на боледување, 4 на породилно отсуство. Вкупно 40 медицински сестри работат на Клиниката, а 11 медицински сестри се на испомош. Три медицински сестри работат во Модуларната болница, а 14 се на испомош”, велат од Министерството за здравство за мкд.мк.
Според МЗ, во моментов 100 пациенти се хоспитализирани и се лекуваат од ковид 19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а дополнително 66 се хоспитализирани во Модуларната болница.
Заклучно со вчерашната статистика на ИЈЗ, во моментов активни случаи помеѓу здравствени работници се 297. Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 починале.




