Заклучно со изминатото деноноќие, 998 пациенти пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19 се хоспитализирани во државните болници во земјава.
За таа намена ставени се во функција и клиниката за неврологија, кожната клинка и Институт за ТБЦ.
На Инфективната клиника примен е еден пациент. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има шест приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се пет пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 18 пациенти, на кожната клиника 12 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на Ковид-19.