Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски од Прилеп, објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој вели дека има лесни симптоми и дека е во домашна изолација.
„Би сакал да ве информирам дека синоќа добив позитивен резултат на тестот за Ковид-19. Моментално имам лесни симптоми на болеста и сум во домашна изолација.На сите вас и на вашите семејства, ви посакувам добро здравје. Чувајте го личното здравје и здравјето на вашите најблиски. Само со заеднички напори и дисциплинирано почитување на мерките за заштита од коронавирусот, имаме шанси да го победиме ова зло и да ја задржиме пандемија под контрола.
Чувајте се.“, напиша на Фејсбук Талевски