ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Види, богати, пристоен некој нон-пејпер

November 10, 2020 08:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Објавената неофицијална дипломатска нота (нон-пејпер) од Берлин ја соголува бугарската меѓународна позиција како сосема неодржлива во авантурата со нивното билатерално вето за македонската ЕУ интеграција. Нервозата кај г-ѓа Захариева, со дополнителни радикални изјави „по темата“, само го потврдува тоа.

Од вчера, тој нон-пејпер е пренесен во сите балкански и евро-интегративни дескови во надлежните министерства на земјите-членки на ЕУ. Впечаток е, најблаго речено, дека тоа нема да ѝ помогне на Софија во објаснувањето пред европските партнери на своите тврди антимакедонски позиции.

Во тој „непостоечки“ документ се потврдени сите важни заложби од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, а во еден префинет германски дипломатски стил, се оставени неколку елегантни „излезни решенија“ за бугарската страна, со дообјаснувања и реафирмирани ставови со кои се засилува ставот дека Македонија не мисли да се меша во внатрешните работи на Бугарија, а дека Бугарите можат и да приложат свое еднострано толкување, како нивен став за постоењето на македонскиот јазик во Уставот на РСМ.

Тип-топ. Ниту нова „преговарачка рамка“, ниту ново „35-то поглавје“ (Радев) за македонски преговори со ЕУ.

Германците дури се понудиле и да помогнат во работата на билатералната историска Комисија, за да се постигнат побрзи резултати – тоа е одлична идеја, иако се плашам дека Германија може подоцна да зажали за оваа своја дипломатска „женерозност“. Додуша, Берлин за одредени важни периоди од македонско-бугарската историја веројатно има подобри архиви и од оние во Скопје и Софија, што којзнае како им прозвучило на „надлежните“ во Бугарија кога се вратиле од Берлин.

Елем, откако го прифатиле нон-пејперот во Берлин, нашите пријатели во Софија се премислиле по враќањето дома. И тоа го потврдува она што го знаеме од порано: целото замешателство е резултат на внатрешните, предизборни собитија во Бугарија, каде изборниот лов на емоции и националистички гласови (од живковистички произход) треба да ги „покрие“ дузината други проблеми со кои се соочува бугарското општество, а кои немаат врска со нас.

Ако ни е за утеха, тоа барем овде можеме сосема да го разбереме, бидејќи 40 години национализмот кај нас беше „прирачно“ оправдување за семожни политички, економски, социјални и секакви други потфрлања. Во тие години, практично до денес, би можеле да наброиме стотина видни политички кариери кои беа изградени исклучиво врз база на спорот со Грција или на подемите и падовите во македонско-албанските односи. Многумина, буквално, со децении со ништо друго не се занимаваа во нашата домашна политика. Со македонскиот влез во НАТО и со напредокот на евро-интегративната агенда, овие наши „професионални патриоти“ (сега имаат и официјален Институт во опозицијата!) се плашеа дека ќе останат без ангажман – добро е, срцето им дојде на место, во последен момент Бугарите повторно им отворија работа, ќе има по што да се лелека и колне!

Сега се бугарско-македонските дипломатско-покерашки карти отворени на маса. На ред е Европа да се позанимава со политичките вредности кај своите членки. Не дека е тоа нешто ново и не дека Европа има којзнае каков успех во практичното промовирање на своите теориски европски вредности, имајќи ги предвид сите национал-популистички движења што ги изнедри во сопствените граници. Оти, не треба само да се смисли „Берлински процес“, треба доследно и да се спроведе.

Впрочем, можеби и овој стрес-тест што ни го прават нашите источни соседи е добра прилика како, навистина, практично и побрзо да ги развиеме закржлавените економски и општествени односи со Бугарија и вон „отровот“ на „чистата“ историја и „валканата“ политика на кои сите сме осудени да им робуваме. Откако, се разбира, ќе ги започнеме преговорите со ЕУ…


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок

June 25, 2025
Instagram / @jamescookartwork

(ВИДЕО/ФОТО) Џејмс Кук – уметникот што црта со машина за пишување

June 25, 2025

Во Велика Британија украдена виолина стара околу 280 години

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трамп повторно ја одби понудата на Путин за помош со Иран: Ми треба помош со тебе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Нешто непознато“ го погоди клучниот руски објект за беспилотни летала во Таганрог во бранот напади на украински дронови во повеќе региони на Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk