ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Заробениот“ украински свештеник од короната во Струмица на чекор е да стаса до Израел со велосипед

November 10, 2020 08:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот баптистички свештеник од градот Черкаси, Јуриј Бобкин, кој до почетокот на септември престојуваше во конаците на храмот „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“ во Струмица, а потоа уште два месеци кај негов брат по Христа од Евангелската црква, Атанас Христов во Долно Соње кај Скопје и потоа во Демир Капија, кај рускиот алпинист Александар Кленов, е на чекор да ја оствари својата мисија-да стигне во Светата Земја. Него го делат само 180 километри од влез од Израел, на гората Елат.

-Моментално тој се наоѓа во познатото египетско летувалиште Шарм Ел Шеик, каде успеа да стаса со авион на 5-ти овој месец, не информираше теологот Ванчо Тркалевски, кој му беше домаќин на Бобкин и со него е во постојана комуникација.

Украинскиот свештеник во меѓувреме уште еднаш се обидел да го продолжи своето патешествие со велосипедот преку Грција, но, повторно, не му бил дозволен влез заради забраната од грчката Влада.

-Успеал да купи авионски билет за Тел Авив и побарал од неговата држава да му даде специјално одобрение преку Украинската амбасада. Откако не го добил, во последен момент Јуриј се одлучува да го замени билетот од Тел Авив за Шарм Ел Шејк. Таму пристигна на 5-ти овој месец, а наредниот ден ми се јави да ми каже каде се наоѓа. Со него е и велосипедот и се надева дека неговиот аџилак ќе заврши и ќе успее да влезе во Израел, додава неговиот пријател, Ванчо Тркалевски.

Објаснува дека Јуриј планира да стигне до гората Елат, која се наоѓа до Црвеното Море,а неговото сегашно престојувалиште е оддалечено 180 километри од египетско-израелската граница.

-Тој се надева дека наскоро ќе ја премине границата и ќе го посети Ерусалим и ќе ја оствари својата цел. Тој е добро и засега е сместен кај муслимани, кои го разбираат рускиот јазик и му помогаат во обезбедување на секојдневната живеачка, рече теологот Ванчо Тркалевски.

Украинскиот свештеник Бобкин на пат тргнал во мај годинава и преку Молдавија, Романија и Бугарија, стаса во Струмица во август. Тогаш МИА пишуваше за неговиот потфат и како пандемијата од Ковид-19 го зароби во Струмица.

Тогаш, за мотивите за своето невообичаено патување рече: -Се беше добро-имав прекрасно семејство, заедно присуствувавме на служби, му пеев псалми на Господ, го прославував во црковниот хор, па дури и проповедав од говорницата. Но, одеднаш почувствував празнина одвнатре и студенило во моето срце, плачев до Бога дека сум бил со него веќе 10 години, но не научив вистински да го сакам ниту него, ниту мојот сосед. Се започна од тој ден. Нема да навлегувам во детали, но од тоа време на се што ги повикував луѓето почна да се распаѓа: семејството ми се распадна, во црквата избувна пожар, а по некое време татко ми, ѓаконот на црквата, почина, раскажа Јуриј при нашата средба со него во Струмица.

На крај неговиот пријател Ванчо уште еднаш ја пренесе големата благодарност на Украинецот за гостопримството во Струмица, но и за другите места каде престојуваше и никогаш нема да ги заборави поминатите заеднички денови со своите браќа во Македонија.

Извор: МИА

Next Post

Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба за поштенското гласање во Пенсилванија

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk