ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дечев: Во Бугарија се замолчуваат оние кои мислат поинаку за историскиот спор

November 12, 2020 08:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот историчар Стефан Дечев во интервју за Дојче веле објаснува зошто е песимист дека ќе се реши спорот меѓу Скопје и Софија и укажува дека во неговата земја се замолчуваат сите алтернативни гласови за историски прашања.

Г-н Дечев, на конференцијата во рамките на Берлинскиот процес, премиерите Борисов и Заев демонстрираа заедништво. Во исто време, односите меѓу Софија и Скопје се во криза. Зошто токму сега?

Дечев: Уште откако започнаа разговорите за историјата во Мешовитата комисија, бугарската страна тргна од една погрешна позиција: дека целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна речиси треба да ја препише бугарската историја до 1944 година. Од македонска страна имаше некаква надеж дека разговорите за историјата би можеле да поминат. И тоа, во крајна линија, доведе до бугарската Рамковна позиција, како и до видливата решителност на Софија да го искористи точно тој момент- првата меѓувладина конференција во декември и почетокот на преговорите со Северна Македонија- за да се обиде да наметне еден дневен ред кој целосно се приближува до бугарската гледна точка.

Станува збор за едно претерување, бидејќи не е можно да се објасни дека сите нации во Европа се „природни“, а само македонската нација и македонскиот јазик се вештачки. Дека тие потекнуваат од 1944 година, а целата претходна историја е само бугарска.

ДВ: Кои се политичките цели кои Софија ги следи со таа блокада? И дали позицијата на Владата не го одразува и широко распространетото расположение на бугарските граѓани?

Дечев: Се разбира дека таа бугарска позиција го одразува широко распространетото расположение. Но, според мене, тие расположенија не можат сами по себе да се претвораат во државна политика. За жал, луѓето на кои им е доверено да се занимаваат со односите на Бугарија кон Северна Македонија- како на политичко, така и на ткн. „експертско” ниво- како веќе да донеле одлука. Тие дури ги користат бугарските мејнстрим медиуми, особено трите најголеми телевизии, за да внесат одредена напрегнатост, која потоа ќе ја констатираат во одредени социолошки истражувања.

ДВ: Зошто мислите така?

Дечев: Затоа што веднаш, откако бугарскиот дел од историската комисија се врати од Скопје во Софија, во интервју за БНТ еден од членовите, професорот Иван Илчев, излезе со неколку тези кои во следните денови станаа бугарска државна политика и дел од медиумската кампања во земјата.
Првата гласи дека, во моментот во Република Северна Македонија се води бесна антибугарска кампања, а Бугарите се претставуваат како монголо-татари. А тоа не е точно, нема таква официјална политика. Тоа е линија на опозициските медиуми во Северна Македонија кои едноставно се обидуваат да ја поткопаат владата на Заев и да го искористат евентуалното бугарско вето, за да ја обвинат власта за тоа.

Втората теза на Илчев е дека мора да ја третираме Северна Македонија како обична соседна земја која има свои интереси и не може да се гледа наивно, емоционално и сентиментално исто како братска земја. А токму тоа го посакува и ВМРО на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тогаш таа настојува пред владата во Софија да биде третирана како рамноправен политички субјект. И најважно, на трето место, отворениот политички повик од член на експертска историска комисија за Бугарија да го направи својот прв решителен историски чекор во последните 100 години блокирајќи ја Република Северна Македонија. И покрај кондиционалноста, ова беше повик за блокада.

И последно: обидот да се замолчат сите алтернативни гласови во Бугарија за историски прашања – преку нивна маргинализација и преку погрешни информации што редовно ги пренесуваат централните медиуми. Станува збор за премолчувањето и изобличувањето, како на октомвриското обраќање на бугарските историчари и другите претставници на хуманистичките и општествените науки против таканаречениот објаснувачки Меморандум, така и на Отвореното писмо на бугарските и македонските научници до премиерите и министрите за надворешни работи и европски интеграции за потребата од промена на пристапот.

Целото интервју на Дојче веле.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk