ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штипската градинка „Астибо“ апелира да не се носат деца со симптоми и кои одат на корона-тестирање

November 12, 2020 13:43
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во градинка се носат деца и тоа на денот кога им е закажан тест за коронавирусот. Со вакви несовесни родители сè почесто се судираат вработените во градинките. Директорката на градинката „Астибо“ Билјана Трајчевска вели дека и кај нив има веќе ваков случај, а вработените се револтирани од односот на одреден родител, кој наместо да го остави детето дома, го носи во градинката со што го загрозил здравјето на останатите деца и вработени.

„Апел до родителите – доколку почувствуваат симптоми или одат на тестирање, да ги остават децата дома, а не тој ден  да ги донесуваат во градинка. На овој начин се загрозува и здравјето на остантите деца во групите, но и на вработените, доколку тестот покаже дека родителот е позитивен. Имаме голема бројка на изолирани случаи на вработени во речиси сите објекти на градинката, по различни основи“ рече Трајчевска.

Во моментов пет вработени во градинката „Астибо“ од различни профили се позитивни на коронавирусот, четворица се на боледување, четворица се во изолација поради контакт со позитивен член на семејството, а двајца вработени се дома, бидејќи нивните деца се во изолација. Трајчевска вели дека во оваа цела ситуација многу им помага контактот и насоките од епидемиологот од Центарот за јавно здравје-Штип.

Во штипското основно училиште „Ванчо Прќе“ денеска е потврден позитивен тест на наставник на трето одделение. Во изолација заминуваат 16 деца. Наставата ќе ја следат онлајн. Процесот на настава не е загрзоен и во повисоките одделенија, вели за МИА директорот на ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, Методи Папаров.

Во најголемото училиште во Штип пет наставника од четврто до деветто одделение се во изолација поради контакт со член на семејството кој е позитивен на коронавирусот. Наставниците наставата ја реализираа без проблеми од своите домови.

Next Post

Битката со ковид-19 ја загуби дедото на починатите момчиња од Кавадарци, мајка им починала од свински грип

НАЈНОВО

Tamara Skowronek

Конфликт на Блискиот Исток

October 27, 2025

Промоција на книгата „Индиго солзи“ од Нино Наумовски во КИЦ

October 27, 2025

Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk