До редакцијата на Фронтлајн пристигнаа неколку пораки во кои се тврди дека син на поранешниот градоначалник на Општина Василево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Стојанов, со тројца другари крвнички претепал член на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што на фејсбук го критикувал работењето на татко му, а го фалел сегашниот градоначалник и актуелната влада.
Настанот е објавен од локалниот портпарол на СВР Струмица.
„Претепаниот М.Н. (46) од село Василево во текот на денешниот пријавил во полициската станица Струмица дека синоќа, на 10.11.2020 година околу 23.30 часот во Струмица бил физички нападнат од четири лица.“
Во соопштението не е потврдено за кого точно станува збор, со оглед на тоа дека се објавени само иницијалите на нападнатиот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
И.З.