„Тимот на македонската фудбалска репрезентација од мене, но и од сите граѓани, има целосна поддршка.
Вечерва, од 18:00 часот ќе ги бодриме и ќе навиваме нашите фудбалери да ја победат репрезентацијата на Грузија и да се пласираме на Европското фудбалско првенство догодина. Во краток разговор со капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци им посакав среќа и да се вратат во Скопје со победа и во добро здравје.“, објави Пендаровски.
Цела нација е со вас, да знаете, убеден сум дека ќе победите!, вели претседателот Пендаровски во видео објавата.
Победуваме! Да не чекате на плоштад, порача селекторот Ангеловски.
Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на еден чекор до пласман на Европското првенство. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечер во Тбилиси од 18 часот се среќаваат со домашната грузиска селекција во меч кој носи пласман на евро-шампионатот.
Ј. Ѓ.