Нови 1064 случаи на Ковид-19 од вкупно 3096 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Според информациите што вечерва ги објави Министерството за здравство, починати се 25 пациенти од кои најмладиот има 34 години и е од Куманово.
Меѓу починатите пациенти, петмина се од Куманово, четворица од Битола, по тројца од Скопје и Тетово, двајца од Прилеп и по еден пациент од Крушево, Гостивар, Кавадарци, Крива Паланка, Струмица, Валандово, Пехчево и Свети Николе. Освен двајца пациенти, сите останати се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 44898. Бројката на оздравени е 26289, а на починати 1263. Активни се 17346.