Со денешното соопштение партијата ВМРО-ДПМНЕ покажува класичен политички дилетентизам и незнаење. Трагично е што или не знаат што зборуваат или свесно ги лажат граѓаните, пишува во соопштението на МВР.
„Вистината е сосема спротивна. Откако МВР е известена од судот дека лицето А.И. го нема во судот, каде во тек било рочиште, МВР експресно го пронајде и спроведе за издржување на мерка притвор.
Тоа се вели ефикасност и законско постапување согласно надлежностите.
А.И. не му избегал на МВР, а соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага.
МВР е стожерот во борбата против незаконското постапување на било кој поединец, без разлика колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа, правда мора да има!“, пишува во соопштението на министерството за внатрешни работи.