Денеска градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов, заедно со министерот Благој Бочварски извршија увид во финалните градежни активности на втората паркинг платформа на реката Отиња во Штип.
Со изградбата на оваа платформа штипјани наскоро ќе почуствуваат дополнително растеретување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.
„Градовите треба да се движат во правилен смер, да се менуваат, да ги следат потребите на граѓаните.
Напредокот и развојот доаѓаат кога има блиска соработка помеѓу локалните и централните власти.
Продолжуваме ..“ напиша на својот фб профил Бочварски при посетата на градежните активности.