Реномираниот магазин „Еуроњуз“ објави анализа „Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ. Еве зошто“, во која вели дека долгогодишниот спор меѓу Северна Македонија и Грција е решен, а европските лидери му дадоа зелено светло на Скопје за влез во ЕК. Но, пред Северна Македонија постои уште една пречка – Бугарија.
Според „Еуроњуз“, Бојко Борисов тоа го прави заради неговите внатрешно-политички проблеми. Софија, која моментално зафатена со долготрајни антивладини протести, се противи на започнувањето на разговорите за членство, велејќи дека не е задоволна од „сегашната рамка за преговори“.
„Протестите против корупцијата во Бугарија траат повеќе од 100 дена, а демонстрантите бараат оставка од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Тие се обвинети за поврзаност со олигархиската мафија. Борисов, кој одби да поднесе оставка, досега преживеа пет гласања за недоверба во Парламентот“ наведува магазинот.
Додава дека непријатна вистина е дека за Бугарија, процесот на пристапување кон Северна Македонија е начин да извлече отстапки во исклучително деликатен момент за Скопје. Иако повеќето од барањата се нематеријални прашања како идентитетот и историјата, тие ја одрзауваат потребата на бугарската Влада за заземе силна националистичка позиција поради внатрешно политички причини. Особено во време на обвинувањата за корупција, улични протести и економски тешкотии заради пандемијата, пишува „Еуроњуз“.дека процесот на проширување е привлечна алатка за членките на ЕУ да наметнат политики и промени на нивните соседи кои се надвор од ЕУ.
За Бугарија, процесот на пристапување кон Северна Македонија е начин да извлече отстапки во исклучително деликатен момент за Скопје. Иако повеќето од барањата се нематеријални прашања како идентитетот и историјата, тие ја одрзауваат потребата на бугарската Влада за заземе силна националистичка позиција поради внатрешно политички причини. Особено во време на обвинувањата за корупција, улични протести и економски тешкотии заради пандемијата, пишува „Еуроњуз“.
Натаму, наведува дека Бугарија сака Скопје да го признае бугарското потекло на македонската нација и да се откаже од какви било тврдења дека во Бугарија има посебно македонско малцинство, што Софија не го признава бидејќи ги смета сите кои се нарекуваат Македонци како Бугари.
Според Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), наведува „Еуроњуз“, етничките Македонци сочинуваат 10 проценти од населението во Бугарија. ИФИМЕС, исто така, во неодамнешната анализа тврди дека „бугарскиот и македонскиот јазик се два различни јазика за кои во меѓусебната комуникација е потребно толкување/превод, за разлика од на пример, во случајот на српскиот и хрватскиот јазик за кои во јазичната комуникација не се бара толкување/превод“.
„Еуроњуз“ натаму наведува дека несиполнувањето на ветувањата кон земјите од Западен Балкан го нарушува имиџот на ЕУ и ја компромитира политиката на проширување. Ова му штети на имиџот на ЕУ во регионот и внесува сомнеж во нејзините ветувања дека проширувањето ќе биде веродостојно за другите земји од Западен Балкан, се наведува во анализата на магазинот.




