ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Бројот на новозаболени над илјада, но сеуште има слободни болнички кревети и доволно кадар за згрижување на сите пациенти

November 14, 2020 09:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и вчера остана над илјада. Прилив на пациенти има, но министерот за здравство уверува дека има слободни болнички кревети и доволно кадар за да бидат згрижени сите пациенти.

Се работи и на поставување на Ковид центрите, а првите ефекти од рестриктивните мерки се очекуваат за недела до две.

Министерството за здравство синоќа излезе со информација дека во изминатото деноноќие се регистрирани нови 1064 случаи од тестирани 3096 лица. Податоците од здравствените власти покажаа дека битката со вирусот ја изгубиле 25 пациенти од кои најмладиот на 34-годишна возраст. Скопје и натаму останува град со најголем број ново заболени – 541, а двоцифрени бројки на новозаболени регистрираат и Куманово,Тетово, Штип, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Кичево, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Кочани, Свети Николе и Неготино.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека се уште е поголем бројот на пациенти кои се хоспитализираат од оние кои се испишуваат од болница, но вели дека има доволно болнички кревети и оти кадарот е целосно мобилизиран.

Скопските интерни клиники, според Филипче, имаат слободни околу 100 до 200 кревети и доволно медицински кадар кој во секој момент може да згрижи ковид пациенти.

„Секојдневно сме во комуникација со директорите на болниците, прилив на пациенти има. Има и такви што се испишуваат, но се уште е поголем бројот на приеми“ изјави Филипче по посетата на Општата болница во Гостивар.

Поставувањето на Ковид центрите во кои дополнително треба да се згрижат пациенти, како што посочи министерот, ќе оди по приоритет и во зависност од подготвеноста на локалните власти, а за пожртвуваноста на медицинскиот персонал кој од почетокот на пандемијата е ангажиран околу третманот на пациентите, предвидена е награда со ребалансот на Буџетот.

„Херојска е вашата борба да се подготви системот за нешто што никој никогаш не предвидел дека ќе се случи, ниту очекувал. Сакам искрено да ви честитам и да ви се заблагодарам, да укажам дека водиме сметка за секој еден што е вклучен во оваа битка, дека со последниот ребаланс е предвидена награда за сите здравствени работници кои работат со Ковид-19. Да издржиме, сега е најголемата криза, но верувам во вашите способности, во вашата струка и вашите организациски капацитети“ истакна Филипче.

Во следните денови, според најавите на здраствените власти, ќе се дефинира и прашањето дали учениците од средното медицинско училиште ќе се вклучат со работата на одделенијата каде не се третираат ковид пациенти за да може поискусните медицински сестри да работат со ковид пациентите. Одлуката ќе биде донесена во консултација со сите засегнати страни.

„Следните неколку денови ќе се донесе дефинитивна одлука која нема да биде наметната, туку донесена во договор со сите чинители“ порача Филипче.

Во следните недела до две се очекуваат и ефектите од рестриктивните мерки кои сега се на сила. Во овој период, здравствените власти, очекуваат да се стабилизира и бројот на новодијагностицирани пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 44898. Бројката на оздравени е 26289, а на починати 1263. Активни се 17346

Next Post

Хилари Клинтон би можела да биде амбасадор на САД во ОН

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk