Општина Штип низ симболиката на сината боја го одбележува Светскиот ден на дијабетесот, во знак на поддршка на дијабетичарите и на нивните заложби за поуспешно справување со оваа состојба.
„Во 2017 година Владата направи значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес и стави крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.
Тогаш за прв пат беше извршена и веќе континуирано се спроведува набавка на инсулини и глукометри со највисоки светски стандарди со иновативна технологија за највисоки ефекти за сигурно здравје кај пациентите со дијабетес.
Со заеднички заложби можеме да направиме промени за подобро утре“ напиша на својот фб профил градоначалникот Јане Миланов