ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со финансиска помош од САД ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на Клиниката за хематологија

November 14, 2020 13:15
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје. Тоа, како што истакнаа министерот за здравство Венко Филипче и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз при денешната посета на клиниката, ќе биде направено со финансиска поддршка од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави.

Со оваа инвестиција целосно ќе се заокружи процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката започнат во 2017 година. Финансиската поддршка се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Амбасадорката Брнз изјави дека со проширениот и обновен објект на клиниката ќе биде од корист не само на граѓаните на Северна Македонија туку од целиот регион.

Таз изрази благодарност на диреторката на клиниката Ирина Пановска Ставридис за овој проиект, но и за другите залагања за унапредување на болницата. Благодарност искажа и до министерот Филипче за парнерската соработка и за раководењето на активностите за справување со корона-кризата.

„Многу работи се сменија откако почнавме да разговараме за овој проект. С Македонија стана дел од НАТО, санавме сојузници, доби покана од ЕУ за започнување на пристапниот процес, а се слули и пандемијата на Ковид-19. Тоа што не се смени во сите овие години е заложбата на САД да работи со СМакедонија за подобрување на здравствениот систем. Среќна сум што таа соработка се развива. Ќе продлжима да работиме заедно не само за справување со пандемијата туку и за зајакнување на здравствениот систем, науката, технологијата во интерс на сите граѓани“ , рече амбасадорката Брнз.

Министерот Филипче потсти дека Амбасадата на САД беше првата што помогна со лична заштитна опрема,  со 60 респиратори што ги добивме преку НАТО и со уше еден проект којшто е  вреден 300 илјади евра за поддршка на нашиот здравствен систем во делот на медицинска опрема која ни е потребна за справување со ковид кризата.

„Ова е уште еден доказ дека пријателите и партнерите треба да се тука и да се најдат кога е најмногу потребно, а САД го докажаа токму тоа дека стратешкото партнерство вреди тогаш кога пријателите се тука да помогнат и да се најдат да се пребродат тешки моменти посебно една ваква криза која што е криза во целиот свет“рече Филипче.

Кажа дека со поддршка од САД која трае подгол приод, реновирани се капацитети и во болницата „8Септември“, изградена е нова зграда во болницата во Демир Хисар, реновирано е одделението за неврологија во Клиничкиот центар, а во тек се работи и на Клинката за максилофацијална хирургија.

„Овој проект за надградување физичка и инфраструктурна на Клиниката за хематологија за нашите пациенти значи многу. Значи дека таа нова метода која што започна да се прави на оваа Клиника благодарение на овој тим, на овие лекари предводени од директорката и менаџерите на Клиниката пред две години, метода која што дотогаш не беше можно да се направи на нашата Клиника и пациентите се праќаа во странство практично ќе значи дека ќе се одвива во многу подобри услови, ќе имаат пристап многу поголем број на пациенти и секако метода која што ќе може како и сега да се нуди во околните земји заради тоа што таа метода не се прави никаде во нашиот поблизок регион“ рече Филипче и им се заблагодари на сите вклучени во проектот и на сите ангажирани во справувањето со пандемијата на Ковид-19.

Тој изрази надеж дека соработката со Амбасадата и со САД ќе продолжи и понатаму заради тоа што  кризата покажа оти врските посебно во делот на здравството се многу битни и нераскинливи.

Директорката на Клиниката за хематологија  Пановска Ставридис поосчи дека со помошта од САД се надгради еден спрат на клиниката и ќе се зголемат просторните капацитети. Со оваа донација се заокружува процесот на реновирање што заедно со веќе воведените нови и современи методи за лекување прави клиниката да прерасне во регионален центар за лекување на пациентите со малигни и  хематолошки заболувања.

!Досега нашата клиника имаше капацитет да спроведува 50-60 трансплантации годишно и притоа пациентите од регионот коишто бараа здравствена помош кај нас многу често не можевме да ги прифатиме бидејќи немавме просторни услови. Сега со новоизградениот оддел ние прераснуваме во регионален центар и директна корист со оваа донација ќе имаат  сигурно околу стотина македонски здравстрвени корисници и на годишно ниво и 20 пациенти од регионот“истакна Ставридис

Next Post

Шахпаска: Кондово ја доби својата прва градинка која ќе згрижи 80 деца,раниот детски развој е наш приоритет

НАЈНОВО

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk