Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно денеска првпат, јавно призна дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победи на претседателските избори одржани на 3 ноември, но ги повтори своите тврдења дека „изборите се наместени“.
Единаесет дена по изборите во САД, се уште не се познати имињата на носителите на 12 конгресни мандати, членови во Претставничкиот дом. Контролата на Долниот дом на Конгресот ја имаат демократите, додека за Сенатот ќе се одлучува во вториот круг гласање во Џорџија закажан во јануари 2021 година.
Според МАНУ, македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и временски континуитет (македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години).
Младите музичари, шеснаесетгодишните Михаил Јагуриноски – MACRØ и Мартин Трајкоски – MART1N, од Прилеп, се најновиот музички здив на прилепската музичка сцена. Во реализацијата на нивната креативна жед, не можат да ги спречат ни тешките услови во кои што творат.
Почина професор Д-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во нашата држава и учител на многу генерации на анестезиолози. Андонов почина на 86 годишна возраст.
Повеќе од 700 лица се уапсени денеска за време на протестите одржани во Белорусија против претседателот Александар Лукашенко, соопштија организации за заштита на човековите права.
На Конференцијата на СДСМ за нов претседател на СДММ, едногласно беше избран Марко Михаилоски.
Специјално прашање до Захариева: Што мајка барале вашиот Тодор Живков, Маргарет Тачер, и 124 официјални државни делегации на погребот на Тито?, прашуваат од ФБ страната “Сеир“.
Ако се почитуваат мерките, ризикот од КОВИД-19 во автобус или воз е минимален, пишува Мета.мк.
С.М.Ж.