„Бизнисот, економијата, работниците, синдикатите треба да бидат сигурни во својата земја дека е подготвена да им се најде, да ги помага компаниите да ги соочуваат работните места, да вбризга пари секогаш на најсиромашните, на најранливите заради тоа што навистина семејните буџети се погодени на сите, но најмногу патат најсиромашните, солидарноста мора да ја има буџетот, и гледате најголемата ставка е 90 милијарди социјалните трансфери и тоа е многу логично.Веднаш после тоа е се економските ставки од 70 милијарди. Така буџетот, државната каса која што ја испраќа првата порака: Почитувани граѓани, имате држава која што е тука да ви се најди, и да помогне за се што треба во периодот што следи“ кажа Заев.
„Верувам дека има доволно пари, прво за здравствениот аспект, граѓаните треба да бидат спокојни за тоа заради тоа што државата постои заради граѓаните, нема друга смисла за постоење. Секогаш можеме да обезбедиме дополнително со репрограм, со внатрешни ставки или со сл. Но веќе се ставени првите резерви внатре заради тоа што е извесно дека ако не повеќе барем првиот квартал ќе имаме здравствена криза од 2021 година.“ истакна Заев во „Отворено студио“ на МТВ.