ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еко-свест: Локалните власти и граѓаните здружено да го намалат аерозагадувањето

November 16, 2020 13:13
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО

Конкретни информации, мерење на сите високозагадувачки супстанции, информирање и известување на граѓаните, тесна соработка и координирани активности помеѓу локалните и централните власти се основните потребни факти за решавање на проблемот со аерозагадување. Тоа се главните заклучоци од средбата организирана од Еко-свест и ФЕС канцеларијата во Скопје на која активисти од граѓанската иницијатива Polish Smog Alert ги споделија своите предизвици и искуства во соработката со локалните и централните власти во насока на изнаоѓање решенија за аерозагадувањето.

– За време на нашето истражување, прво почнавме само да ја информираме јавноста во Краков за високите нивоа на загадувачи во воздухот кој го дишат. Потоа ги едуциравме за последиците врз здравјето од загадениот воздух, особено поради согорувањето на отпад, јаглен и дрва за загревање на домаќинствата во градот. Добивме голема поддршка од експерти и медицински лица меѓутоа и од жителите на Краков. Ова резултираше со донесување законска забрана за затоплување на домаќинствата на територијата на Краков со јаглен и дрва, објаснила Ана Двораковска од Polish Smog Alert.

На оваа законска забрана и претходело обезбедување финансии за замена на загревањето на социјално загрозените жители, процес кој преку субвенционирање на грејните тела веќе започна и кај нас. Токму затоа, како што потенцирала Двораковска, носење ваква законска забрана во моментов би бил значителен чекор напред во борбата со аерозагадувањето во пренаселените урбани средини.

– Можеме да бараме вина за аерозагадувањето, но најдобро е да побараме решенија. Соработката помеѓу сите чинители на централно и локално ниво е клучна во процесите на носење регулатива и политики за справување со аерозагадувањето,  навела Ивана Вучкова од ФЕС Скопје.

-Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кој беше присутен на средбата изрази силна желба за понатамошна соработка со полските институции, но и невладиниот сектор во насока на пресликување на успешните примери за подобрување на квалитетот на воздух, стои во соопштението

Според извршната директорка на Еко свест Ана Чоловиќ Лешоска,  во време на светска криза која ни даде црвено светло и не освести за здравјето на луѓето и за различните влијанија на загадувањето во комбинација на ширењето на вирусот Ковид-19, се покажа дека тоа е голем удар врз здравјето, а тоа го потврдуваат и докторите, така што време е во земјава за построга регулатива и за повисоки стандарди за квалитетот на воздухот кој го дишеме.

– Започнавме разговори со надлежните институции во однос на можноста да се воведе забрана за согорување јаглен во домаќинствата врз основа на истражувања кои беа направени врз изворите на загадувањето во Скопје. Одржавме работилница со сите надлежни институции на која главниот заклучок беше дека постои интерес да се воведе забраната, врз основа на што изработивме предлог решение, нацрт закон која може да се разгледува самостојно или да се инкорпорира во други постојни закони- истакнала Чоловиќ Лешоска.

Next Post

Бектеши: Следната година јавен повик за целосна приватизација или ЈПП за ски центарот Попова Шапка

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk