Министерот за здравство Филипче, објави дека во врска со 41- годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип. По завршениот надзор, јавноста ќе биде навремено информирана.“, напиша на ФБ министерот Филипче
Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгијев, како што се посочува, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.