Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, при Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2021 година, известуваат од Друштвото на филмските работници на Македонија.
Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, , „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли. Поради глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 93-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 25 април 2021 година, во Лос Анџелес, стои во соопштението од Друштвото на филмските работници на Македонија.