ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состанок на Заев со Светска банка: Мерките на Владата ги ублажија последиците, на долг рок фокус кон забрзан економски раст

November 16, 2020 12:40
in Uncategorized

Владините мерки за поддршка на реалниот сектор како и заложбите за помош на најранливите категории во услови на здравствено-економска криза со фокус на идните заложби за стимулирање на националната економија на долг рок, беа тема на онлајн состанокот на премиерот Зоран Заев, министрите за финансии Фатмир Бесими и за економија Крешник Бектеши со Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија и Косово и Кун Давидсe, извршен директор во Одборот на директори на Групацијата Светска банка во Вашингтон.

На состанокот, како што соопштија од владината прес-служба, во фокусот била дискусијата за важноста на анализата заснована врз реални истражувања за информирање на одлуките за политиките кон кои треба да се насочат владините активности со крајна цел продолжување и одржување на правичен и одржлив раст.

Премиерот Заев ја истакна посветеноста на Владата за справување со предизвиците на краток како и обезбедување услови за побрзо економско опоравување на среден и долг рок, притоа потенцирајќи на важноста од соработка со Светска банка како стратешки партнер, кој обезбедува голема поддршка за државата.

Од страна на Светската банка е нотирано дека владините мерки ги ублажија негативните ефекти од кризата и е нагласено дека заедничката соработка во однос на предлог-мерките согласно светските искуства и преземената акција особено во делот на субвенционирање на платите резултираа со зачувување на работните места во микро, малите и средните претпријатија. Дополнително, мерките донесени од Владата го олеснија влијанието врз сиромашните, што е и потврдено со пониски стапки на раст на сиромаштијата од очекуваните.

Во разговрите е истакната важноста домашните компании да ја подобрат конкурентноста и продуктивноста за постигнување посилен економски раст во иднина. Во таа насока, поддршката за компаниите треба да биде насочена кон дигитализацијата, технолошки развој, подобрување на капацитетите за управување, поддршка на диверзификација на извозот, како и спроведувањето на европскиот зелен договор. Дополнително, регионалниот развој е од голема важност за економски напредок, како и зајакнување на женското претприемништво.

На состанокот е разговарано за важноста на одржливи инвестиции во образованието и човечкиот капитал, поттикнување на иновативноста за отворање нови работни места и инвестиции. Конечно, на дискусијата е истакнато дека за натамошен развој  и унапредување на деловниот амбиент од особена важност е привлекувањето и задржување инвестиции со поголема додадена вредност, подобрување на пристапот до финансии, како и намалување на конкуренција од неформален сектор и сузбивање на корупцијата.

 

Next Post

Порталб: Ковид-19 не е обичен грип, луѓето не ги убиваат во болница

НАЈНОВО

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025
Скриншот

Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk