Заев ја прими наградата за човекови права за 2020.
Правото на самооопределување не може да биде предмет на разговори во дипломатијата, тоа се коси со меѓународното јавно право. Македонскиот народ и јазик се реалност, изјави премиерот Зоран Заев на церемонијата за доделување на наградата за човекови права 2020 на Фридрих Еберт. Заев го читаше говорот на мајчин, македонски јазик.