ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕБОР со поддршка на сет мерки ќе го поттикне пристапот на Северна Македонија кон ЕУ

November 17, 2020 16:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со поддршка на сет мерки за политички ангажман, техничка помош и инвестиции, Европската банка за обнова и развој ќе го поттикне приближувањето на земјава кон Европската унија.

За таа цел денеска на виртуелна церемонија бил потпишан меморандум за разбирање со Владата на кој се обратил и евроамбасадорот Дејвид Гир. Договорот го потпишале премиерот Зоран Заев и претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, а на чинот на потпишување присуствувал и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Соработката ќе се фокусира на три области – зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, на одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија. Владата и ЕБОР ќе соработуваат и во подобрување на инвестициската клима, промовирање на меѓуграничната трговија и инвестиции и соработка со претпријатијата во државна сопственост од енергетиката и инфраструктурата.

Претседателката на ЕБОР го поздравила потпишувањето и истакнала дека се охрабрени од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ.

– Охрабрени сме од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ и ни претставува задоволство да ги поддржиме овие витални напори со нашиот придонес. Во овие времиња кои бараат поголем ангажман, поважно од било кога е со заеднички сили, не само да се справиме со моменталните предизвици, туку и да ги согледаме долгорочните цели на земјата, истакнала Рено-Басо.

Премиерот Заев ја потенцирал важноста од реализацијата на приоритетите во Меморандумот, ставајќи акцент на владеењето на правото, намалувањето на корупцијата, зајакнувањето на транспарентноста и решавањето на прашањето со сивата економија, како предуслов за зголемување на инвестициската активност.

Заев истакнал дека и покрај бројните предизвици и неизвесноста со пандемијата, заложбите на Владата на среден и на долг рок се преку системски мерки да се придонесе за севкупен економски раст.

Досега, ЕБОР има инвестирано над 2 милијарди евра во 136 проекти во земјата.

Next Post

„ЕУ Обзервер“: Бугарија носи „историскиот багаж“ на масата на ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk