ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

January 6, 2026 06:50
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили изгубиле повеќе од 90.000 војници во последните три месеци, повикувајќи се на податоци потврдени со достапни видео-снимки од првата линија на фронтот.

Информацијата ја сподели по состанокот со Михаило Федоров, актуелен министер за дигитална трансформација и кандидат за нов министер за одбрана, објави Kyiv Independent.

Според Зеленски, во декември биле елиминирани околу 35.000 руски војници, во ноември 30.000, а во октомври 26.000. Тој посочи дека значаен дел од овие резултати се должи на зголемената примена на технолошки решенија во одбраната.

Пресврт во Министерството за одбрана

Објавата за големите руски загуби доаѓа откако Зеленски на почетокот на годината го номинираше Федоров за нов министер за одбрана. Согласно украинскиот устав, назначувањето допрва треба да биде одобрено од парламентот. Федоров би го заменил Денис Шмихаљ, кој на функцијата помина помалку од шест месеци.

На состанокот биле разгледувани очекуваните промени во одбранбениот сектор. Зеленски изјави дека Федоров треба во рок од една недела да подготви конкретни предлог-одлуки насочени кон зајакнување на одбранбените капацитети на Украина.

„Украина е целосно посветена на дипломатијата и сака што побрзо да ја заврши оваа војна. Но, Русија не покажува ист пристап и ја продолжува својата агресија“, изјави Зеленски.
„Ќе одговориме со поголем технолошки напредок и трансформација на одбранбениот сектор“, додаде тој.

Дронови и дигитализација како клучен приоритет

Претседателот нагласи дека технологијата одиграла клучна улога во последните воени успеси. Тој истакна дека има јасен раст на испораката на дронови до воените единици и најави подготовка на нови формати за дополнително зајакнување на дрон-компонентата во одбраната.

Федоров раководи со Министерството за дигитална трансформација од 2019 година и е единствениот министер кој останал на функција во текот на целиот мандат на Зеленски. Тој е познат по концептот „држава во паметен телефон“ и по лансирањето на апликацијата Diia во 2020 година, преку која граѓаните добија пристап до бројни државни услуги.

Под негово водство, министерството учествуваше во проекти поврзани со производство на дронови, дигитална одбрана и образовни реформи, а Федоров одигра и клучна улога во иницијативата Brave1, која ги поврзува Министерството за дигитална трансформација и Министерството за одбрана со цел забрзување на воените технолошки иновации.

Редакција Фронтлајн

Tags: загубиЗеленскиРусијаУкраина
Next Post
Фото: Генерирано од ChatGPT

Го прашав Chat GPT што би направил ако на еден ден би бил човек: Би го потрошил намерно бавно

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk