Почина Љубисав Иванов-Ѕинго во 84-та година од животот. Во неговата биографија објавена на веб страницата на Собранието на РСМ стои дека е роден во 1936 година во с. Трновац, во Кратово.
Ѕинго беше генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат Силекс-Кратово повеќе од 40 години. Во времето на транзицијата, тој стана доминантен сопственик во овој важен стопански субјект, како и, директно или индиректно, на повеќе десетици други фирми и компании.
Тој е газда во сенка и на ТВ Сител, своевремено најекспонираниот дел од пропагандната машинерија на Груевски. Неговата партија речиси секогаш беше дел од владејачките коалиции.
Ѕинго беше доживотен претседател на Социјалистичката партија на Македонија и е пратеник во Собранието на РСМ од осамостојувањето на земјата до 2011 година. Тој беше и долгогодишен пратеник во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ. Тој беше добар пријател и со поранешниот српски лидер и воен злосторник, Слободан Милошевиќ. Меѓу другото, Ѕинго беше љубител на фудбалот, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на ФФМ.
Џ. Дерала