Времето ќе биде променливо облачно, наутро по котлините и долж Повардарието магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје претпладне магливо, попладне со зголемена облачност и од вечерните часови со појава на повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
Во среда ќе преовладува облачно и врнежливо време. Врнежите ќе започнат утре кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во среда ќе престануваат на југоистокот. Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови. Од петок наутро ќе е постудено, а во сабота има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.