– ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 197 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедnо одвивање на сообраќајот, известуваат од Општина Центар.
Оттаму појаснуваат дека во периодот од 09.11. до 15.11.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 83 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.




