ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Помалку заразени, притисокот врз болниците сè уште голем, хоспитализирани 1.225 пациенти

November 18, 2020 07:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Анализите на Министерството за здравство покажуваат дека е намалена преносливоста на коронавирусот. Факторот на преносливост R0 (ер нула), е намален од 1,5 на близу 1. Тоа значи дека еден човек при непосреден контакт заразувал 1,5 човек, а сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1, објасни вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот рече дека мерките даваат резултати, но предупреди оти вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент, па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат.

– Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем, изјави Филипче.

Министерот потенцира дека засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.

За разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија, рече вчера Филипче.

Преносливоста на вирусот е намалена, но притисокот врз болниците е сè уште голем. Според вчерашните информации, во инфективните оддели во Скопје и болниците низ земјава вкупно се хоспитализирани 1.225 пациенти. Во ковид-центрите во болниците низ земјава, пријавено е дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 792.

– Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информираат од Министерството.

Во Скопје во ковид-центрите, претходното деноноќие биле хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од хоспитализираните се на кислородна поддршка, соопшти вчера Министерството за здравство.

Од неделата, пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.

И покрај големиот број на приеми во текот на завчерашниот ден, вчера имало 20-тина слободни места.

Во наредните неколку дена со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката за оториноларингологија.

Во претходното деноноќие биле регистрирани 977 нови случаи на коронавирусот од направени 2930 тестирања, 843 оздравени пациенти, а починати 31 лице.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48613, бројката на оздравени пациенти е 28646, бројот на активни случаи изнесува 18591, а на починати 1376.

За дел од смртните случаи Државниот санитарен и здравствен инспекторат иницира стручни надзори. Во тек се надзори за починати пациенти од КОВИД-19 во Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка

Последните два месеца од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Министерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена документација, иницирани се четири стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, а во тек се надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, информираа вчера од Министерството за здравство.

– Стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена документација, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, се вели во соопштението од МЗ.

Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени надзори за уште четири пациенти починати од Ковид-19.

Во врска со случајот со починатата 41-годишна жена од Штип, штипската болница треба во рок од три дена да го извести ДСЗИ за нејзиното лекување.

ЈЗУ Клиничка болница Штип треба во рок од три дена да го извести Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип за утврдената фактичка состојба за спроведеното лекување на починатата пациентка од КОВИД-19 и околностите кои довеле до смртен исход.

По завчерашниот вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ директорот на ЈЗУ Клиничка болница Штип е задолжен веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет на здравствената установа.

Независно од работата на Комисијата, во текот на вчерашниот ден е инициран стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациентката, до министерот за здравство./МИА/.

Next Post

Иако Софија стави вето, Берлин остава простор за решение до крај на годината

НАЈНОВО

ВИ

OpenAI: Над милион корисници на ChatGPT неделно испраќаат пораки со самоубиствени намери

October 29, 2025
Скриншот

Се урна седумкатна зграда во турскиот град Гебзе

October 29, 2025

Концерт на Национален џез оркестар и „Yellowjackets“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk