ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Преговорите со ЕУ за Северна Македонија да не станат преговори со Бугарија

November 18, 2020 16:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По осумчасовната дебата на министрите за надворешни работи, германскиот министер за Европа, Михаил Рот, кој вчера претседаваше со Советот за општи работи на ЕУ, изјави дека преговарачката рамка за Северна Македонија не е усвоена. Рот се надева на компромис до крајот на годината, но ако продолжат билатералните конфликти, македонските преговори со ЕУ нема да започнат набрзо.

Бугарско вето за Северна Македонија дојде директно од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Според неа, преговарачката рамка на ЕК не ги одразува бугарските барања, а за  С. Македонија нема место во ЕУ семејството, ако не се исполнат условите, базирани на рамковната позиција на Бугарскиот Парламент.

„Ние имаме три основни услови: Придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство; утврдување план за спроведување на Договорот од 2017 година; и многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија. Овие услови сè уште не се вклучени во преговарачката рамка“,  изјави Захариева.

На Владината седница која се одржа вчеравечер било констатирано дека бугарското вето е „неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи“.

Високи владини извори брифираат дека преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија и дека нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнувањето на европските стандарди.

Гудрун Штајнакер поранешен заменик германски амбасадор во Бугарија и во земјава како што пренесува Дојче Веле, пишува дека барањата на Бугарија кон Северна Македонија се ненаучен, нереален и лесно проѕирен внатрешно-политички мотивиран потег. Тој смета дека Берлин мора да го притисне својот „пријател“ во Софија. Воедно потсетува дека и партијата на Бојко Борисов ГЕРБ настанала кон крајот на 2006 со германска помош пред се’ од Фондацијата на ЦСУ, Ханс Зајдел.

Тој смета дека мора да му се даде за право на првиот човек  на тинк-тенкот на Европската иницијатива за стабилност ЕСИ Гералд Кнаус, a кој одлучно бара разликите во ставовите околу националните прашања, историја, идентитет, вклучително и националниот јазик да нè смеат да се користат за попречување на зачленување во ЕУ.

Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешна политика ECFR и директор на софиската канцеларија на организацијата во интервју за бугарски „Капитал“ посочува дека блокирањето на која било земја кандидат за ЕУ, не се прави врз основа на историјата и идентитетот.

Според неа тоа се прави врз основа на достигнувањата како што е примената на европското законодавство и достигнувањата на европските стандарди. Таа потенцира дека Бугарија ја внесува историјата во процесот на проширување што би го направило практично невозможно или многу тешко да напредуваат и  останатите балкански земји.

„Постојат најмалку 11 билатерални спорови на Балканот и ќе биде опасно ако секој може секого да блокира“, предупредува Чернева.

Таа посочува дека тоа не се прави врз основа на историјата и идентитетот и посочува дека во ЕУ постои договор дека овие земји-членки се собрале во заедница за заедничка иднина, а не затоа што сакаат да ги решат своите историски проблеми. Според неа тоа се постигнува  преку економска кохезија, трговија и модерна дипломатија..

Чернева смета дека уште сè не е завршено за Северна.Македонија  бидејќи има време до крајот на годинава.

„Рокот што беше даден вчера беше малку вештачки. До крајот на годината може да има уште еден обид,но искрено кажано шансите не се многу оптимистички. Не можам да замислам Португалија да се занимава со проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Можеби Словенија, за која тоа веројатно ќе биде уште потешко“ оценува Чернева.

Антоанела Димитриевска

Next Post

Пожарникарите и Град Скопје најдоа привремено решение за надминување на проблемот со додатоците на плата

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk