ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Театарот за деца и младинци со нова премиера – „Што е силеџија“

November 18, 2020 18:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Театарот за деца и младинци вечер во 19 часот премерно ќе биде изведена младинската претставата „Што е силеџија” во режија на Хана Миленковска, која заедно со Горјан Милошевски се автори на текстот.

Во претставата на прв план се опфаќаат проблемите поврзани со врсничкото насилство, поточно силеџиството во едно средно училиште. На втор план, всушност, подлабоко вграден во самата драмска содржина се прикажува проблемот на силеџиството во општеството, како и на гневот што го носиме во себе кој предизвикува друг гнев.

-Темите кои се застапени во текстот чии автори се Горјан Милошевски и Хана Миленковска, произлегуваат од еден сложен синџир, од еден долг синџир на односи, трауми, случки, силеџии од детството, силеџии од сегашноста итн. Имено, веќе не е доволно и не помага само да се зборува за силеџиите и нивниот чин на насилство, да се прави претстава или филм во кој гледаме како насилни индивидуи малтретираат други индивидуи. Веќе живееме во време кога сме освестени за повеќеслојноста на овој проблем. Мора да се најдат причините, настаните, луѓето кои од едно нормално дете, еден чист човек направиле силеџија. Кои се силеџиите на силеџиите? Кои се факторите за еден човек да манифестира силеџиство? Со режисерката, Хана, овие проблеми и овие прашања ги разгледуваме преку триаголникот: семејство, игралиште и школо. Значи причините мора да се бараат во минатото, во околните причинители, средината: семејството, училиштето и местата каде младите играат со своите другари, се наведува за претставата.

Приказната се врти околу еден инцидент во кој учествуваат пет средношколци: Васил, Стефан, Марија, Мартин и Луција. Ги гледаме овие млади луѓе кои носат трауми од своето минато, од детството, кои се заробени во еден синџир на насилници и насилнички методи и корупција. Гледаме како ништо сериозно не се презема во врска со жртвите на насилството, како никој не реагира на гневот, агресијата што се пренесува од еден на друг, од една средина во друга, поради траумите или во име на личните интереси.

-Ретко кој размислува за долгиот синџир на односи, трауми, случки и силеџии, не се пристапува на проблемот аналитично и покомплексно. Па затоа, ги гледаме и овие млади луѓе во нивната апатија, бунило, немоќ да направат нешто за да се прекрши овој синџир. Гледаме ликови поточно луѓе кои се за жал инструменти на насилството кое се пренесува одамна, од година во година, од еден на друг, како модус за опстојување, за доминација, за одбрана. Овие пет луѓе се борат, тие се на раскрсница меѓу потребите, желбите на секој млад човек и тој неуништлив круг на конфликти, случки, насилници, корупција и последици, се додава за птретставата.

Улогите на ликовите во претставата ги играат: Никола Наковски, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Матеа Јанковска и Ангела Димитрова. 

Next Post

Испратена првата група новоименувани амбасадори

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk