ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Oчекуваме со овој буџет да обезбедиме раст на БДП од 4,1 отсто, во втората половина на 2022 година да се врати преткризното ниво на БДП

November 19, 2020 12:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Буџетот за 2021 година е дел од стратегијата на Владата за економско заздравување и забрзан раст во периодот од 2021 до 2025 година. Во иницијалната фаза од планот треба да обезбеди економско заздравување од последиците од пандемијата со Ковид-19, а веќе во следните три години забрзан и одржлив економски развој.

Очекувањата се во втората половина на 2022 година да се врати преткризното ниво на БДП, а веќе во 2025 година економија да расте со стапка од 5,9 отсто. Планот е буџетскиот дефицит во 2025 година да се спушти на 2,5 отсто од БДП.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Владата истакна дека Буџетот за 2021 година е така конципиран за да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните како последица на здравствената криза, но и да овозможи постепена консолидација и стабилизација на економијата.

– Доколку се се одвива по зацртаните проекции, очекуваме со овој буџет да обезбедиме раст на БДП од 4,1 отсто, да се стимулира извозот кој очекуваме да порасне за 14,4 отсто, воедно да пораснат и бруто-инвестициите за 8,4 отсто. Како една од поважните компоненти за формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која имаме проекција за раст од 3,8 отсто, а раздвижувањето на економската активност сметаме дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени за околу 2 отсто, појасни Битиќи.

Најави реализација на капиталните проекти во патната, железничката, комуналната и енергетската инфраструктура, развој на земјоделството и инвестиции во спортот, културата, здравството и образованието. За нив се планирани 23 милјарди денари или 374 милиони евра, средства кои се за 20 отсто повисоки во однос на вториот ребаланс на Буџетот за годинава.

Новина е и формирањето на Централната единица за надгледување и реализација на капиталните инвестиции со која ќе се осигура високо ниво на нивна реализација.

– Буџетот за 2021 година е димензиониран и проектиран да одговори на реалните потреби на државата, стопанството и граѓаните. Економијата е еден од врвните приоритети. Само во инвестиции во економијата ќе обезбедиме побрза консолидација на општеството, а потоа и побрз и одржлив раст и развој.  Овој буџет е за граѓаните, за стопанството, за сите нас, порача Битиќи. /МИА/

Next Post

Хоспитализирани 41 пациент во ковид – центрите во Скопје изминативе 24 часа

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

January 25, 2026
Илустрација Фротнлајн, генерирано со ВИ

Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

January 25, 2026
Скриншот, видео Х

Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

January 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

    Викенд хороскоп со Анаис – 24 и 25 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што носат првите трилатерални разговори за Украина во Абу Даби: Москва инсистира на „Формулата од Анкореџ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто куќите во Гренланд се обоени во различни бои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканот и „Одборот за мир“ на Трамп: Кој е поканет, кој прифати, кој одби – и зошто Македонија ја нема во „периметарот“ на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Должен како Грк, сиромав како Македонец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk