ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Должен како Грк, сиромав како Македонец

Милина една да земаш пари на заем, да ги трошиш како сакаш, а друг да ги врати, ќарот е што граѓаните дишат на жабри пред да се удават во беда од „евтините“ заеми кои достигнаа до близу 10 милијарди евра, кои спрема некои пресметки изнесуваат околу 6.000 евра по глава на жител

January 24, 2026 07:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Во силната политичка и медиумска врева околу таканречената многу конструктивна лидерска средба и многу значајниот форум во Давос останаа како небитна споредна работа најновите многу поволни задолжувања на Македонија. Јавниот долг на државата, читај на граѓаните, според некои пресметки, достигна околу 10 милијарди евра, или близу 6.000 евра по глава на жител. Ептен поволно како никогаш досега, ќе кажат премиерот и министерката за финансиии.

Државите можат да пропаднат, но долгот останува и мора да се врати. Светскиот банкарски механизам направил таков одбранбен систем што ништо не може да ги спречи да си ги наплатат побарувањата. Тоа веќе го видовме со распадот на Југославија. Првата работа по крвавиот распад беше да се среди долгот прецизно пресметан до еден цент кој колку е должен да си ги преземе уредно обврските за отплата на кредитите. Македонија ја пречека независноста како ниско задолжена земја. Тоа го потврдија и Светската банка и ММФ.

Задолжувањето не беше голем проблем до проектот „Скопје 2014“ кога владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се определија за нов антички идентитет и од главниот град се направи големо градилиште на карикатурална прескапа ренесанса со изградба на антички објекти и споменици до жални врби и кораби во Вардар. Се фрлија стотици милиони евра на голема будалштина со лудачка идеја да се потрошат милијарди за лоши историски копии и фалсификати. Денес сето тоа само по десетина години пропаѓа, прокиснува и се распаѓа. Долговите уште се враќаат. Тоа беше период од 11 години на непродуктивно трошење и непродуктивни инвестиции, големи обврски на буџетот со драстичен и драматичен пораст на задолженоста и во странство и кај домашните банки. Растот на задолжувањата продолжи и за време на епидемијата од Ковид и на енергетската криза кога и во двата случаи задолженоста се зголеми по милијарда евра. Иако ова беа објективни околности, сепак имаше многу неразумно трошење на позајмените пари.

Задолжувањата станаа голем успех

Од тој период по античката авантура и по здравствената и енергетска криза задолжувањата на Македонија се прикажуваат како „голем успех“. Владините и партиски пропаганди нѐ убедуваа дека каматите биле толку ниски што милијардите евра ни доаѓаат безмалку како бакшиш. Милина една да земаш пари на заем, да ги трошиш како сакаш, а друг да ги врати. Или, кажано попрецизно, уште пред да стасаат парите две третини треба да се вратат за да се отплати стариот долг на тие што ги земале и ги потрошиле парите без да создадат нова вредност.

И така по неколку пати секоја година секоја влада ни ја соопштува убавата вест. Се трупаат успесите од задолжувањата стасани над устата, веќе дојдени до носот. Ќарот е што граѓаните научија да дишат на жабри пред да се удават во беда од „евтините“ заеми. Ја дополнивме поговорката „должен како Грк“, со додавката сиромав како Македонец. Тоа е што се однесува до рајата, а тие што ги позајмуваат и трошат парите богами добро се нафатираа со милиони. Секогаш е така кога некој бргу се богати со туѓи пари, граѓаните што ги враќаат непродуктивните заеми уште побрзо осиромашуваат.

Ова го научив од знаменитиот Словенец Јанез Становник уште пред долги години кога на еден симпозиум во Охрид во хотел „Горица“ побарав интервју кое тој категорично го одби со зборовите дека веќе кажал тоа што треба да се каже. Попладнето на зајдисонце, додека Јанез уживаше сам на терасата, му пријдов повторно со подготвена шега дека таму кај што заоѓа сонцето е нашиот „Запад“, демек Албанија. Се насмеа сукајќи ги долгите мустаќи нетипични за Словенец. Тогаш изолирана и сиромашна Албанија да ти биде Запад беше смешна работа. Циниците ја пласираа новата изрека „бати државата чиј Запад е Албанија“. Денес е тажна, оти Албанија веќе навистина е нашиот Запад во секоја смисла на овој збор, а Македонија е изолирана и сиромашна.

Становник рече – ајде седни и прашувај. Југославија е реков должна 20 милијарди долари… не довршив со прашањето кога удри силно со шаката по масата. Доста е со тие глупави прашања колку сме должни. Вистинското прашање е каде ги потрошивме парите. Тоа ти е исто како кога ти ќе земеш кредит од банката. Треба добро да пресметаш што ќе правиш со парите, ќе купиш стан, ќе отвориш дуќан, ќе одиш на одмор или ќе играш комар.

Каде ги потрошивме милијардите евра

Потоа следуваше објаснување каде Југославија потроши повеќе од 20 милијарди, како оправдани и добри инвестиции, но нагласувајќи ги и промашените вложувања и сомнежите за лично богатење од парите за Зелениот план, наменети за земјоделството, поентирајќи со бројните вили што никнуваат како печурки на јадранскиот брег. Заклучокот беше, ако паметно се инвестираат парите од кредитите и се создава нова вредност тогаш тие се оправдани задолжувања и не е проблем да се враќаат. Значи, да не се коцкаме со туѓи пари, да не завршуваат во нечии џебови, туку да се инвестираат во нешто што ќе донесе повеќекратна полза и поголеми приходи.

Ова го кажувам бидејќи и ден денес кај нас уште главното прашање наметнато од политиката во јавноста не е каде ги потрошивме милијардите евра задолжувања, туку успехот од поволно задолжување. На ова ме потсети премиерот Христијан Мицкоски кој по милијардата евра на „најуспешно“ задолжување досега, од кои 720 милиони евра нема ни да ги видиме, ќе се врати стариот долг што го зела претходната влада на СДСМ, а таа пак вратила уште постар долг од нивната претходна влада на Никола Груевски и така со ред. Премиерот Мицкоски дури и се пофали дека успешно се потрошени парите од 250 милиони евра дел од една друга милијарда поволен кредит од Унгарија. Освен неколку градинки и паркинзи не видовме каде се потрошени овие 250 милиони евра.

Според некои податоци јавениот долг од 10 милијарди евра е многу повеќе од половина од она што целата држава го произведува како вредност во една година. Трошоците за камати се огромен товар за државната каса која треба да исплатува повеќе од 300 милиони евра годишно само за камати, во што не е вклучена главницата, туку само цената за користење на парите. Тоа значи дека стотици милиони од сите собрани даноци и приходи од буџетот одат директно за отплата на камати наместо за капитални инвестиции, или социјални потреби.

Разликата е во тоа што постарите кредити од еден до два, а некои и до девет отсто за камати се заменуваат со нови кредити кои имаат камати од 5 до 7 отсто. Задолжувањата главно се наменети за довршување на повеќегодишната изградба на инфраструктира, патишта и железници што беа во завршна фаза, а актуелната власт ги прикажува како нови проекти и свои успеси и се кити со туѓи пердуви, голем дел од парите од буџетот се трошат за тековно работење, исплата на пензии, плати во јавната администрација, за избори и за политичките партии за еден дел од парите да ги изгуби трагите каде завршуваат.

Има ли Македонија лидери

Втората долгогодишна голема лага повторно ја слушнавме на „лидерската“ средба. Не знам зошто ја викаат лидерска кога нема лидери. Зборот лидер кај нас попримил друго значење од суштинското. Доволно е да бидеш претседател на политичка партија за во македонската јавност да бидеш прогласен за лидер. Погледнете ги толкувањата на значењето на лидер, споредете го тоа со нашите „лидери“ и ќе ја откриете разликата меѓу лидери во лажење и лидери со визија за иднината.

Вистинските лидери стануваат државници, историски заслужни личности најчесто со носење тешки и непопулрани одлуки притоа жртвувајќи ги своите функции, а некогаш и своите животи. Подоцна, кога тогаш, државата ги препознава тие историски заслужни личности и ги сместува каде што припаѓаат. Сегашните лидери, партиски апаратчици, бегаат како од оган од непопуларни и тешки одлуки. Многу им е полесен популизмот и откривањето на непријатели и предавници кои се множат пропорционално со нивните неуспеси. Што поголеми катастрофални промашувања и погрешни инвестиции толку повеќе измислени предавници и непријатели. На бројните неуспешни лидерски средби само се надоврза и последната која наводно била многу успешна и конструктивна. Колку била неуспешна ќе дознаеме многу бргу. Прво, поддршката од сите за „Безбеден град“, кој го доби името „Сејф сити“ е тропање на отворена врата бидејќи проектот е поддржан и без лидерска средба што се однесува до безбедноста во сообраќајот. Евентуалните злоупотреби на системот безбеден град ќе ги почувствуваме подоцна.

Консезус за спроведување на реформите неопходни за членство во ЕУ пласиран на лидерската средба како нешто спектакуларно е предлог стар колку и независноста на Македонија и никогаш остварен, бидејќи политичките партии имаат различно разбирање за тоа што е консензус, односно, ист став за целосна поддршка за остварување на реформите, или кажано поразбирливо за исполнување на условите за членство во ЕУ. Премиерот Мицкоски тоа го разјасни веднаш по таканаречената лидерска средба. Вели: „Ние прво да ја завршиме домашната задача поврзана со Реформската агенда, а потоа останува на Унијата дали ќе продолжи да го билатерализира нашиот процес на пристапување. Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и Бугарија. Со нив имаме проблем, но ние имаме цел да си ја завршиме домашната задача, да се подготвиме и сите оние отворени прашања поврзани со Реформската агенда да ги завршиме“.

Што значи ова не е тешко да се разјасни. Браво за премиерот, навистина храбра и државничка одлука. Македонија ќе се демократизира до највисок степен. Владеењето на правото ќе биде спроведено ефикасно откако комплетно ќе се реформира правосудниот систем со проверени и лојални партиски кадри, почнувајќи од основните судови, обвинителства и правобранителства до Врховниот и Уставниот суд. Високата корупција и организираниот криминал ќе бидат нашето лошо минато. Нема повеќе политика на неказнивост и селективна правда. Ќе имаме чесно и долгогодишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и партнерите.

Економскиот раст и повисокиот стандард на граѓаните веќе ги дава резултатите за уште поголема беда и сиромаштија на највисоко ниво во Европа и регионот. Здравството, образованието, заштитата на човековата околина, енергетиката, земјоделството, инфраструктурата ќе бидат главните приоритети. Сѐ што досега не е направено во изминатите 35 години оваа влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе го постигне сама без европска стручна и финансиска подршка на предпристапните европски фондови, па тие таму бирократи во Брисел нека билатеризираат колку сакаат. Кога сето тоа ќе го постигнеме повеќе нема ни да ни требаат ни тие, ни ЕУ, ако до тогаш не се распаднат.

Не го менуваме уставот, Бугарите нема да влезат во Уставот. Нема компромиси со идентитетот и националните посебности. Сѐ што се гради 15 или 20 години ќе биде завршено на време пред следните парламентарни избори, предвремени или редовни, сеедно. Ќе имаме и брзи пруги и автопатишта и гасоводи и нафтоводи и енергетска стабилност и социјална сигурност, високи плати и пензии. Збогум сиромаштијо.

Уште колку луѓе има што веруваат во овие лаги секако ќе дознаеме на следните избори. Ако повторно поверуваме, тогаш ништо. И онака сѐ ќе заборавиме.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен
Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Логан Пол ги навреди британските фанови по скандирања поврзани со контроверзијата од Јапонија

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk